Приказната на врвниот квалитет.

Млекара ИМВ Доо од Битола започна со производство на млечни производи под брендот VEMILK во 2017 година. Лоцирана е во с.Кравари, во подножјето на Баба планина, во најмлечниот регион – Пелагонија.

Во објект од 2100m2, изграден по најнови стандарди и опремен со најсовремена технолошка опрема секојдневно се произведуваат стандардни, безбедни – 100% млечни производи.

Нашиот асортиман се проширува со производство на свежо млеко и неколку типови на јогурт и кисело-млечни производи што ќе ја збогатат секоја трпеза со незаменлив вкус и квалитет.

Создаваме премиум производи

Користењето најдобри состојки и исклучиво квалитетно одбрано млеко е она што ги прави Вемилк производите со толку висок квалитет. Вемилк секогаш ги применува највисоките стандарди и со секој млечен производ цели кон постигнување премиум квалитет кој ќе биде незаменлив со секој оброк.