Што е кефир и зошто е толку здрав напиток?
Кефирот е стар напиток која потекнува од Кавказките Планини и постои повеќе од 1.000 години. Жителите на Кавказ се познати по својата долговечност и добро здравје и тоа се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир.

Вемилк Кефирот е ферментирана млечна напивка со киселкаво-освежувачки вкус, добиена со помош на култура од кефир. Освен живи култури и пробиотски габички, богат е со хранливи нутриенти, протеини и липиди, витамин Б и витамин Б9. Кефирот е неверојатно богат со минерали како: калиум, магнезиум и фосфор.

Она што го прави овој напиток поразличен, е тоа што освен бенефитите што ги има самата кефирна бактерија, тој е плус збогатен со двете пробиотски бактерии LA5 (Lactobacillus acidophilus) и BB12 (Bifidobacterium animalis subsp. lactis).

Во Вемилк направивме спој на традицијата и модерната технологија, создавајќи го најдобриот природен кефир кој ќе ви помогне во одржување на доброто здравје.

Прочитај повеќе: https://vemilk.com/kefir/